Вести Економија Македонија Најважни

Блокадите на ССМ за минималецот поле за политиката – за владата имаат политичка позадина, опозицијата турка закони

Политиката се наметна врз синдикалните блокади за повисока минимална плата. За премиерот Мицкоски, тие имаат политичка позадина. Опозицијата, пак, рано утринава дотрча во собранието да поднесе предлог закон за минимална плата. На прашањето дали ќе се седне на маса да се разговара за ова прашање, Мицкоски и денеска го повтори ставот кои го кажуваат и неговите колеги веќе извесен период – „се што ќе се договорат работодавачите и синдикатите, ние ќе го поддржиме“.

„Во бипартитниот дијалог меѓу работодавачите и работниците, ние сме фасилитатор. И рековме ќе го поддржиме секое решение кое практично тие ќе го договорат. Но, политички инструирани самонаречени водачи не можеме да поддржуваме“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Опозицијата, пак, повторно го поднесе предлог законот за минимална плата, откако претходно беше вратен поради технички недостатоци. Претседателот на партијата Филипче смета дека Владата има пари да го зголеми минималецот.

„Оваа влада која ја тера државата во изолација, вчера да најавува купување на нов владин авион, тоа е расипништво од невиден степен и исмевање во лице на овие луѓе кои протестираат“, рече претседатело на СДСМ, Венко Филипче. 

По сето ова се поставува прашањето дали се оди кон генерален штрајк, нешто што синдикатите го најавија како последна фаза од нивната борба за раст на платите. Инаку, со законското зголемување минималецот во март треба да порасне околу 1.600 денари.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Владеачкото мнозинство ги одбива амандманите за Закон за судска служба

Дејан Дејан

Земјоделците да се внимателни кога наводнуваат и користат механизација во близина на далекуводи – последиците можат да се сериозни предупредија од АД Мепсо

Дејан Дејан

Само суд ослободен од надворешни влијанија може да обезбеди правична примена на правото – конференција на Врховни судии од Европа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе