Вести Економија Македонија

Пратениците први на мета на работниците, ССМ утре го блокира Собранието

ССМ утре наутро излегува на блокади во обид да го зголеми притисокот и да се избори за што е можно поголемо зголемување на минималната плата од законски предвидените 1.600 денари.
Први на списокот на синдикалците се пратениците во Собранието бидејќи тие една година го блокирале законот за минимална плата и исплатата на додатоци за храна и превоз.

Ќе се блокираат двете улици пред и зад Собранието за да им се оневозможи пристап на пратениците со нивните возила на собранискиот паркинг и во гаражата. Пораката на ССМ е дека пратениците како и работниците треба да патуваат со автобус, но и дека утре народните избраници нема да може да си ги подигнат патните трошоци.

  • „Пратениците се уште се правата глуви и слепи на иницијативата на ССМ за зголемување на минималната плата и зголемувањ3е на останатите работнички плати за најмалку шест илјади денари. Пратениците се прават глуви и слепи за последната иницијатива на ССМ за намалување на нивните плати за 80 проценти или да си ја намалат основицата за пресметка на платата од просечна на минимална плата, да дојдат и тие на минималец па потоа да зборуваат колку е добро да се живее со минималец во Македонија“ – Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

ССМ смета дека јануарскиот протест и притисокот на УПОЗ резултираа со договорот кој вчера беше потпишан во Владата со кој 11 илјади вработени во администрацијата ќе добијат зголемување на платите во наредните две години и два месеци.

  • „Синдикалната борба е маратон а не спринт. Тоа што Владата вчера се фалеше со тоа што синдикатот на УПОЗ успеа и да го земе за колешките во Управата и правосудството мислам дека е една од борбите во кои извојуваме победа. За вработените во полицијата нема предвидено ниту еден процент зголемување е на платите оваа година. За вработени во одбраната исто трака. За вработените во низа институции има предвидено нула проценти зголемување на платите“ – Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Блокадите продолжуваат во четврток кога ќе бидат блокирани двете Стопански комори односно работодавачите а следниот вторник Владата бидејќи тој ден редовно се одржува седница.

Огнен Чанчаревиќ

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Претседателката Сиљановска за судските реформи: Без финансиски средства нема независно судство

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Владеачкото мнозинство ги одбива амандманите за Закон за судска служба

Дејан Дејан

Земјоделците да се внимателни кога наводнуваат и користат механизација во близина на далекуводи – последиците можат да се сериозни предупредија од АД Мепсо

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе