Заштедите во банките растат, но расте и кредитирањето. Заклучно со декември, граѓаните и компаниите на штедните сметки чувале 10,7 милијарди евра, од кои дури 7,2 милијарди евра се заштеди на домаќинствата. Во исто време, во пораст се и кредитите. Граѓаните и фирмите кон банките должат вкупно 9 милијарди евра, а само домаќинствата – 4,5 милијарди евра. Најчесто се земаат потрошувачки кредити, додека најбрз раст бележат станбените. По овој основ, долгот достигнува 1,7 милијарди евра. Какви се каматните стапки и дали инфлацијата тивко ги нагризува заштедите?
Емисијата „Бизнис Објектив“ со Наташа Стојановска се емитува секоја недела во 20:15 часот.
