Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Орце Ѓорѓиевски ќе го пополни анкетниот лист следната недела и ќе ја плати казната

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски следната недела ќе го пополни анкетниот лист за имотната состојба и ќе ја плати казната затоа што се уште не го пријавил имотот во Антикорупциската комисија.

Признава грешка а објаснувањето е презафатеност со обврски. Беше избран пред повеќе од  два месеца, а законскиот рок во кој функционерите треба да поднесат анкетен лист е 30 дена од изборот.

  • Анкетниот лист бидејќи електронски се пополнува, морам да истакнам и тука да си ја признавам својата грешка, поради обврските во градот Скопје и обемната работа не стигнав изминатиот период тоа да го направам. Но јас веќе имав излагање дека мојата имотна состојба откако сум бил советник во Кисела Вода е непроменета и во периодот кога бев градоначалник и сега како градоначалник на град Скопје. Наредната недела ќе ја завршам таа обврска, до мене има стигнато еден платен налог, прекршочен и ќе си го платам, тоа си е моја кривица – Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје.

Претседателот на ДКСК Адем Чучуљ во вчерашната Топ Тема потврди дека скопскиот градоначалник се уште не поднел анкетен лист за тоа со колкав имот заминува од градоначалничката фотелја во Кисела Вода ниту за новата функција

  • Пуштени му се и двата прекршочни налози и за Кисела Вода и за Град Скопје и уште е во фаза за постапка за порамнување- Адем Чучуљ, претседател на ДКСК.

ДКСК нема можност дополнително да ги санкционира од функционерите кои откако ќе ја платат казната и понатаму не го пријавуваат имотот  вели Чучуљ според кого дека се потребни законски измени

Четворица судии не поднеле изјава за имотот, за еден има прекршочна постапка, за еден е застарена а за другите двајца дополнително ќе поведат  постапка, кажа Чучуљ.

За судијата Ѓоко Ристов кој е под истрага за 350 илјади евра скриени во ѕидот  на куќата на неговите родители, претседателот на Антикорупциската комисија рече дека има поднесено анкетен лист, но не бил предмет на проверка.

Оваа година ДКСК  планира да проверува  по 10 судии, обвинители,  министри, пратеници,  актуелни и поранешни градоначалници.

Елена Ивановска Мукоска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Трансформирана меморија“ самостојна изложба на Данчо Ордев, вечерва во галеријата Остен

Дејан Дејан

Пропусти во исплатите и јавните набавки, склучување договори по истек на рок – вака се работело во Академијата за судии и јавни обвинители утврдија ревизорите

Дејан Дејан

Пред почетокот на жетвата земјоделците бараат од 15 до 18 денари за килограм пченица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе