Парламентарното собрание на Советот на Европа синоќа донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Македонија, кој беше отворен во 2000 година.
Постомониторингот на земјава ќе биде заменето со следење на случувањата во Македонија со механизмот на Советот на Европа за редовен периодичен преглед.
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, која е дел од македонската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа, за одлуката на Советот на Европа ја нарече „одлична вест за Македонија“.
Б.С.
