Во 2025 година, Транспаренси Интернешнл – Македонија спроведе пилот-оцена на транспарентноста на локалната самоуправа, со цел да утврди колку општините се отворени пред граѓаните и колку достапни се информациите за нивната работа и услугите што ги нудат.
За анализа беа избрани најголемите општини по број на жители во осумте плански региони: Аеродром, Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и Штип.
Оценувањето се темели на прашалник од 91 прашање и вклучуваше анализа на веб-страници, документи, одговори на барања за слободен пристап до информации и директен увид во работењето на администрацијата.
Резултатите покажуваат дека локалните власти сѐ уште не достигнале високо ниво на транспарентност и отчетност.
Највисоко оценета е општина Битола со 67 бодови, следи Велес со 60, Штип со 55 и Струмица со 54 бодови. Куманово доби 51, Аеродром 49, Тетово 43, а најниско оченета е Охрид со 39 бодови.
Просечната оцена за сите општини изнесува 52 бодови, што укажува на потреба од дополнителни напори за подобрување на транспарентноста и управувањето со јавните средства, се вели во анализата на транспаренси.
