Вести Македонија Топ вести

Судиите гласаат за нов член на Судскиот совет

Денеска судиите на непосредни избори гласаат за нов член на Судскиот совет од редот на судии припадници на немнозинските заедници. Право на глас имаат сите 418 судии запишани во Судскиот изборен именик, а гласањето се одвива од 8 до 15 часот во сите судови во земјата.

На кандидатската листа се шестмина судии: Африм Јакупи, Садула Иазири, Улбер Хасани, Хасан Асани, Џемали Саити и Шпреса Граинца Османи. По завршувањето на гласањето, резултатите ќе бидат објавени на јавна седница.

Претседател на Комисијата за спроведување на изборот е судијата Осман Шабани од Апелациониот суд Скопје, а негов заменик е судијата Илија Трпков од Основниот кривичен суд Скопјe.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 66-годишна возраст

Дејан Дејан

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе