Ова претставување во Собранието на кандидатка (Џихан Ахмед за членка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација) не е исклучок и конкретната личност не ја сметам за проблем туку за симптом, рече во вечерашната Вин Вин Ирена Цветковиќ, Коалиција Маргини.
- Симптом на едно комплетно обесмислување на институциите. Замислете парадоксот имате Собрание кое што го донело Законот за спречување и заштита од дискриминација во кој се пропишани критериуми за тоа кој може да стане член на истата комисија и истото тоа собрание го крши законот тоа е поголемиот проблем. Конечно прашањето кое што беше поставено од Аврамов е прашање особено поврзано со образованието е исклучиво важно затоа што истата таа комисија пред некое време донела мислење за законите. Не е прашањето дали кандидатката знае подробности од одреден правен акт, туку прашањето е зошто имаме институции кои што потпишуваат и ратификуваат меѓународни документи во кои што не веруваат, рече Цветковиќ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
