Четворица неготинчани се осомничени за силување на малолетно дете на возраст од 13 години. Минатата година, на 14 февруари, осомничените се договориле и со возило го зеле детето од Неготино и го однеле на локација надвор од неготинското село Криволак.
„Осомничените на 14.02.2025 година се договориле и со возило зеле 13-годишно девојче-жртва од Неготино со кое еден од осомничените претходно се познавал. Детето го однеле локација надвор од неготинското село Криволак и сите имале сексуални односи со жртвата, удирајќи ја и навредувајќи ја, по што ја вратиле во Неготино“, стои во соопштението на МВР.
Во текот на претходната постапка за осомничените биле обезбедени со мерки на претпазливост, а со поведувањето на истрагата јавниот обвинител побарал од судот мерките да се заменат со ефективен притвор, особено бидејќи прибраните докази до овој момент упатуваат на сомненија за тешко кривично дело за кое е запретена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.
Т.Д.
