Македонската законодавна рамка за заштита и спречување на дискриминација во пракса се соочува со неефикасен и слаб мониторинг, тема на вечерашната Вин Вин на Телма.
Каква е институционалната борба за еднаквоста и како се случи скандалот со избор на член на Комисијата за антидискриминација во Вин-Вин дебатираат Ирена Цветковиќ Коалиција Маргини, Атанас Аврамов Мрежа за заштита од дискриминација и Неда Чаловска-Димовска адвокат.
Прашањето за Истанбулската конвенција беше насочено кон мојата колешка (Џихан Ахмед), која има магистратура по Меѓународно право, па на јавната расправа да даде одговор колку е стручноста на самите кандидати, објасни Аврамов, за случајот познат на јавноста кога при јавната расправа во Собранието, кандидатката за членка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Џихан Ахмед, не даде прецизен одговор.
Прашањето беше на кои од темелите кандидатката за Комисијата на спречување на дискриминацијата ќе работи, доволно беше да рече на темелот на превенцијата.
- Ако го видиме извештајот на комисијата таму годишно пристигнуваат околу 500 пријави што е знак дека одреден дел од граѓаните ја препознаваат комисијата како заштитник на нивните човекови права. Од тој аспект граѓанскиот сектор треба и очекува одредени стандарди. Прашањето беше базично во однос на Истанбулската конвенција, а не во однос на одредени членови, бидејќи добар правник и треба да ги знае членовите на памет, но треба да ги знае темелите на кои што се базира самата Истанбулска конвенција, рече Аврамов.
