Со 83 гласови „за“ пратениците го избраа Бојан Маричиќ за претседател на Државната изборна комисија (ДИК).
За потпретседател е избран Абдуш Демири, а за членови на Комисијата Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху.
Во продолжение на собраниската седница за членови на Комисијата и заштита од дискриминација пратениците ги избраа Лимко Бејзароски и Наташа Амдију. Претседателот на Собранието Африм Гаши соопшти дека кандидатката Џинан Ахмед се откажала од кандидатурата.
За Вестите на Телма во 12:30 часот од Собранието се јави Далиборка Демјанска
Б.С.
