Вести Свет Топ вести

Двајца полицајци пукале кон Прети во убиството во Минеаполис

Првиот сеопфатен официјален извештај на американските безбедносни власти за фаталното пукање врз американскиот државјанин Алекс Прети во Минеаполис покажува дека двајца полицајци пукале кон него, објавија американските медиуми.

Медиумите, вклучувајќи ги „Њујорк тајмс“ и „Си-Би-ЕС Њуз “, објавија дека агент на американската гранична патрола првично отворил оган врз Прети, а потоа и службеник на Царинската и граничната заштита (CBP), се наведува во електронската пошта за прелиминарната истрага што СВР ја испратила до членовите на американскиот Конгрес.

Граничната патрола на САД е мобилна, униформирана гранка на СВР за спроведување на законот, појаснува ДПА.

Убиството на Прети, бел 37-годишен медицински техничар кој работел во болница за ветерани, ги разгоре тензиите околу масовната репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во градовите управувани од демократите и предизвика бес откако федералните службеници го обвинија Прети за постапките кои довеле до неговата смрт, и покрај видео снимките што го потврдуваат спротивното.

Според извештаите на медиумите што се повикуваат на документот, во извештајот не се наведува дека Прети посегнал по своето оружје – иако американската администрација претходно сугерираше дека тој претставува непосредна закана.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе