Американскиот претседател Доналд Трамп и гувернерот на Минесота, Тим Валц, одржаа телефонски разговор со помирлив тон по фаталното пукање во Минеаполис, во кое загинаа двајца американски државјани за време на федерална имиграциска акција.
Разговорот се смета за обид за деескалација по недели остри јавни конфликти меѓу федералните и локалните власти.Како дел од промените, Трамп најави дека ќе го смени контроверзниот функционер на Граничната патрола, Грегори Бовино.
Извори наведуваат дека Бовино е деградиран и наскоро ќе се пензионира, иако Министерството за внатрешна безбедност ги оспори тие тврдења.
Смирувањето доаѓа по силната јавна реакција на убиството на медицинскиот работник Алекс Прети, за кое видео-снимки ја доведоа во прашање верзијата на федералните власти.
Гувернерот Валц соопшти дека Трамп се согласил да разгледа намалување на бројот на имиграциски агенти и да ѝ овозможи на државата независна истрага за случајот.
