Истрагата за парите, илјадници евра најдени во ѕид во куќата на родителите на апелациониот судија Ѓоко Ристов се уште е отворена, додека судијата е во домашен притвор.
Универзитетски професори и невладини експерти во „Код“ вечерва велат дека не се изненадени од истрагата и додаваат дека таа само ја намалува довербата во судството, но треба да открие и кој ги давал парите.
Во вечерната емисија „Код“ – реконструкција на претрагата во која се најдени 350 илјади евра во Неготино и интервју со пензионираната обвинителка Вилма Русковска.
Емисјата е по вечерните вести на Телма.
