Вести Македонија Топ вести

Дебатата во СДСМ да не се сведе на промена на возачот, туку и на зарибаниот мотор?!

Отворањето на дебата за тоа што треба да се смени во СДСМ, која треба да биде новата стратегија и каков треба да биде наративот, за политичкиот аналитичар, Петар Арсовски, е позитивен чекор, но треба да продолжи низ инклузивна внатрепартиска дебата која треба да биде позитивна и да ја трансформира партијата.  Вчерашниот Конгрес  за него е чекор во вистински правец, но сепак е само еден чекор.

– Ние гледаме дека во моментов СДСМ се доста дефанзивни кон тие што повикуваат на реформи, дури претседателот вчера користеше и остар јазик -кој не е со нас, нека си замине, мислам дека тоа е ризично и е попаментно да ги слушнат критиките и да ги процесираат низ внатре-партиски дебата. СДСМ како и сите леви партии се соочуваат со проблем на еден перформанс, на еден зарибан мотор и не може дебатата да се сведе само на промена на возачот, туку и на тоа, како да го сменат партискиот мотор кој очигледно закажал на последните избори, вели  политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

Арсовски е убеден дека ќе се појават и други лица во партијата кои ќе бараат реформи во СДСМ, дека тој процес не е завршен и зависи од две варијабли.

– Една е дали критиките ќе бидат добронемерни или политички мотивирани и второ, кој ќе биде капацитетот на раководството да ги слушне тие критики и да ги процесира внатре во партијата. Јас мислам дека постои можност да се смират тензиите, но постои и можност за дополнителна дезинтеграција. Ќе се појават уште дисиденстки гласови и не би ја исклучил можноста некои од постарите членови да направат фраквија или нова политичка структура. Но, сепак, тоа е нормален процес во структурата на демократијата, додава Арсовски.

Што се однесува до тврдењата на Филипче, дека партијата од внатре ја разединува ВМРО ДПМНЕ, преку уцени и потплатување на нивни поранешни функционери, аналитичарот не е сигурен дека такво нешто се случува иако вели дека е „разбирливо што на политичките противници не им пречи што СДСМ се разединува, како што и на Социјалдемократите не им пречеше кога од ВМРО произлегуваа нови партии, како ВМРО Вистинска, Народна и слични„. Сигурен е дека тие тоа не го спречуваат, но дали и активно го стимулираат, вели, ќе покаже времето. Најголема закана за СДСМ во моментов, според него, не е владејачката партија, ниту партиското не-единство, туку партијата Левица.

Промени беа побарани и на вчерашниот Конгрес, на кој пет часа се дебатираше за внатре-партиските препукувања и за изборниот пораз.Во својот говор, пратеничката Славјанка Петровска предупреди дека ако партијата не почне да се менува постои ризик да исчезне од политичката сцена. За да се намалат внатрепартиското спротивставување и непристојните објави меѓу функционерите, таа дури предложи и воведување на политички ветинг за сите сегашни и поранешни носители на функции и членови на раководството.

Реафирмираното ново раководство вети дека сите предложени идеи ќе бидат анализирани и разгледани за понатамошни статутарни и програмски прилагодувања.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 3 степени во Тетово и Гостивар

Дејан Дејан

Шасивари министер за правда, Сулејмани за култура – кои се предлозите на Влен за нови министри

Дејан Дејан

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе