Вести Најважни Свет

Нова железничка несреќа во Шпанија, има мртви и повредени

Едно лице загина, а најмалку 37 други се повредени откако приградски воз излета од шините во близина на Барселона.

Несреќата се случила откако потпорен ѕид паднал врз железничката пруга, соопштија регионалните власти во Каталонија.

Петмина од повредените се во тешка состојба, а најголем дел од нив се наоѓале во првиот вагон… На местото на несреќата биле испратени 20 амбулантни возила, а повредените се пренесени во околните болници.

Несреќата се случува само два дена по тешката железничка катастрофа во јужна Шпанија, во која загинаа најмалку 42 лица, по што во земјата е прогласена тридневна жалост.

Шпанскиот премиер Педро Санчез преку социјалните мрежи изрази сочувство до жртвите и нивните семејства, наведувајќи дека државата стои во целосна поддршка на семејствата на настраданите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Центарци останаа без електрична енергија поради испад на трафостаница

Дејан Дејан

Препораки од Институтот за јавно здравје за заштита од топлото време – носете лесна облека и пијте многу вода

Igor Trajkov

Александар и Мартина годинашни младенци на „Галичка свадба 2026“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе