Вести Македонија

Јавна расправа за законот за високи раководители во државната управа

Принципот на мерит станува правило, в.д. директорите стануваат исклучок – временски и правно ограничен, управните одбори се намалуваат на три члена. Ова се дел од новините во предлог закoнот за високите раководители во државната управа кои ги презентираше министерот за јавна администрација на Горан Минчев на јавната расправа. Со него се воведуваат појасни критериуми за избор на директори државни секретари и претседатели и членови на УО, рече Минчев.

Една од новите е строго ограничување на поимот на вршител на должност, ставаме крај и на злоупотребата на функцијата вршител на должност. Во текот на годините привремените решенија се наметнуваа како правило, а не исклучок, што директно ја разјадуваше и институционалната стабилност и ја поткопуваше одговорноста. Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции. Раководителите ќе имаат јасна обврска да испорачуваат резултати.

Од центарот за граѓански комуникации имаат забелешки во однос на поставувањето на вршители на должност но и за комисиите за избор на кандидатите. Предлагаат законот да се дополни со одредби кои ќе гарантираат независност при изборот на високите раководни службеници

„Зацврстување на критериумите кој сè може да биде член во комисиите за избор, зашто министерот ја составува комисијата, што веднаш алудира дека ќе може да стави кандидати поблагонаклонети кон изборот што сакаат да се направи. Членовите на комисијата треба да бидат избрани со критериуми, треба да се скрати листата од пет на три, мора да се именува најдобриот прворангиран кандидат на тестовите или интервјуата, а сега дискреционо одлучува министерот – тој може да избере еден од тие пет или тројца“, рече Герман Филков, претседател на ЦКГ.

Од Центарот за управување со промени се надеваат дека овој долгоочекуван закон ќе биде донесен и тој ќе овозможи конкурентност при изборот на оние што ќе ги предводат институциите

„Се надевам дека законот ќе обезбеди надминување на просечноста во изборот и именувањето на највисоките раководни позиции кога без конкурентска постапка власта одлучува кој ќе биде директор. Законот нуди конкурентност, транспарентност и поголема отчетност зашто јавните огласи ќе бидат објавени на едно централно место“, изјави Неда Малеска Сачмароска , извршна директорка на ЦУП.

Законот за високите раководители е поставен на ЕНЕР за забелешки и е дел од реформската агенда.

Елена Ивановска Мукоска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сега е моментот за проширување и да сум на ваше место би ја искористил оваа можност, литванскиот министер за надворешни работи со порака до Македонија

Дејан Дејан

Десетици цивили убиени во пакистански воздушни напади во Авганистан

Дејан Дејан

Милошоски контра Левица: Одбиваат да се потпишат како ко-предлагачи на Изборниот законик иако се прифати нивниот предлог за распредeлба на буџетски пари до партиите

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе