Вести ДИРЕКТНО Македонија Топ вести

Трендафилов: Владата наместо да ги симне розовите наочари, таа води држава која е најсиромашна во Европа

Во вечерашната емисија „Директно“ дебатираат Слободан Трендафилов од ССМ, Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ и Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата.

Трендафилов на почетокот истакна дека наредната недела се најавува Генерален штрајк поради тоа што Владата остана нема во врска со зголемување на минималната плата, која е една од најниските на Балканот и во Европа.

„Ниту владата ниту работодавачите се договорија до крајот минатата година и желбата да го подобрат животниот стандард не ја гледаме. За жал во 2025 година бевме оставени како работници на ветрометина, да се снаоѓаме кој како знае и умее. Порастот на трошоците за живот, влошениот животен стандард и ниските плати, се обидовме на последната седница на економско социјалниот совет аргументирано преку една сеопфатна анализа која ја подготвивме да ги елиминираме сите изговори кои тие ги имаа цела година наназад, но не сакаа да не слушнат, не сакаа да се договорат“, објасни Трендафилов. 

Тој потенцираше дека „Владата наместо да ги симне розовите наочари, таа води држава која е најсиромашна во Европа и работници кои се најсиромашните. Тие ќе бидат патем виновниците за првиот генерален штрајк кој ќе се случи оваа година, затоа што одбиваат да седнат со синдикатите“.

Трендафилов посочи дека во првата фаза се повикани сите работници кои не добиле зголемување на платата, и кои не можат да врзат крај со крај секој месец.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 3 степени во Тетово и Гостивар

Дејан Дејан

Шасивари министер за правда, Сулејмани за култура – кои се предлозите на Влен за нови министри

Дејан Дејан

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе