Вести Свет

Полска планира постепено укинување на вонредната помош за Украинците

Владата на Полска планира постепено да ја укине вонредната финансиска помош за украинските бегалци, кои по руската инвазија во февруари 2022 година, пребегаа во Полска.

„Четири години подоцна ситуацијата е постабилна. Може постепено да се укинува мерките и можеме да преминеме од привремени на трајни решенија“, изјави владиниот портпарол Адам Шлапка.

Во предлог-законот, што треба да биде доставен до Парламентот, се наведува дека почетната помош за Украинците е „усвоена како вонредна и привремена мерка“. Предлог-законот предвидува укинување на нивните посебни права на социјална помош, домување и медицинска нега. Додека првата со нивниот законски престој и идентитет, остануваат во сила.

Предлог-законот беше критикуван главно од деловните кругови. Невладина организација, што ги претставува полските претприемачи, истакна дека укинувањето на бенефициите „би можело да го парализира пазарот на трудот“, бидејќи досега обезбедената исклучителна помош „овозможила легално вработување за околу 1,24 милиони луѓе“, а Украинците моментално сочинуваат 66 проценти од странската работна сила во Полска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без согласност на СДСМ и Левица, власта ги поднесе измените на Изборниот законик – електронското гласање на дијаспората на гласање

Дејан Дејан

Центарци останаа без електрична енергија поради испад на трафостаница

Дејан Дејан

Препораки од Институтот за јавно здравје за заштита од топлото време – носете лесна облека и пијте многу вода

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе