Претпладне претежно сончево, попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од источен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -10 до -3°C, а максимумот од 1 до 7°C.
Информација од ова утро 19.1.2026
Минимална температура (во °C)
-12 Попова Шапка, -10 Берово, -9 Крива Паланка, -8 Ѓуриште, -7 Скопје-Петровец, Куманово, Маврови Анови, -6 Kрушево, Виница, -5 Велес, Пожаране, Тополчани, -4 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Штип, -3 Претор, -2 Струмица, Охрид, Кавардарци, Тетово, Битола, -1 Демир Капија, 1 Гевгелија
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
24 Попова Шапка, 7 Маврови Анови, 4 Крушево.
Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!
