Вести Свет Топ вести

Ќе плаќаат додека не го купам Гренланд, моментно го чуваат со две кучешки санки – Трамп воведе царини за осум земји кои испратија војници на островот

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја реализира заканата за царини кон земјите кои не поддржуваат американска контрола врз Гренланд. Тарифите ќе стапат на сила на 1 февруари и ќе се применуваат за осум држави кои испратија свои војници на данската автономна територија.

„Со години ја субвенциониравме Данска, како и сите земји на Европската Унија и други, така што не им наплатувавме царини, ниту какви било други облици на надокнада. Сега, по еден век, дојде време Данска да врати – светскиот мир е во прашање. Кина и Русија го сакаат Гренланд и Данска тука не може да стори баш ништо. Моментно го бранат со две кучешки санки од кои едната беше додадена скоро“, наведе Трамп во долгиот пост на платформата Трут Сошл.

Трамп воведе царини од 10 посто на сите производи кои Данска, за Норвешка, за Шведска, за Франција, за Германија, за Велика Британија, за Холандија и за Финска ги извезуваат во САД. Стапката од 1 јули ќе се зголеми на 25 посто.

Царините, како што напиша, ќе се применуваат сè додека не се постигне договор за конечно и целосно купување на Гренланд. Соединетите Американски Држави се обидуваат да ја спроведат оваа трансакција повеќе од 150 години.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се комплетира владината реконструкција – Мицкоски ќе ја објави по партискиот Извршен комитет

Дејан Дејан

Дурмиши: Анализата на Пазарна ќе покаже дали ќе интервенираме во маржите

Sasko Dimovski

Побарала 300 евра од студент од Турција да го пушти на испит – професорка на Медицинскиот факултет во Штип фатена со парите во рака

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе