Код

КОД: Сличности и разлики меѓу трагичните пожари во Кочани и Кран Монтана

Кочани е на 1700 километри  од Кран Монтана, но за жал и двете места доживејаа иста судбина. Во смртоносен пожар во објект наречен дискотека загинаа млади луѓе. Несоодветни услови, акустичен сунѓер, само еден излез се само дел од сличностите на двете кобни несреќи кои настанаа на ист начин со користење на прскалки кои го запалија таванот.

Заглавени во објектоите кои апсолутно немале никакви услови за да бидат ноќни клубови. И додека кај нас почна судењето на 35 физички и три правни лица за пожарот во Кочани обвинети за тешки дела против општата сигурност, во Кран Монтана за сопствениците веднаш се отвори истрага за убиство од небрежност.  Во овој КОД потсетуваме на тоа како настана пожарот во Кочани и правиме споредба со обој во Кран Монтана кој се случи во новогодишната ноќ.

За жал има многу сличности меѓу Кочани и Кран Монтана. Како настанал пожарот како  се проширил, но и не превземените заштитни мерки кои претходно морало да ги има. Заглавени во стапица младите луѓе во овие таканаречени ноќни барови не можеле да му избегаат на огнот. Во интервју за КОД Владимир Симоновски, заменик комнадант на противпожарната бригада во Скопје за КОД ги објаснува сличностите меѓу двата пожари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД: Дива сеча на шума во Јасен кај езерото Козјак

Дејан Дејан

КОД: Кој се кити со македонското злато

Дејан Дејан

КОД: Анонимно писмо го предвиде изборот на Синани во антидискриминација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе