Зошто НАТО ја стави на црна листа израелската фирма Елбит- дали и колку Македонија има набавено опрема од оваа фирма. Зошто не запираат високите бројки за корупција во Македонија. Кој е виновен за негативните извештаи на оваа тема.
1.Корупција во седиштето на НАТО со набавки од израелската компанија Елбит, открија француските медиуми. Поради тоа е отворена истрага и е распишана потерница по двајца консултанти за трговија кои се осомничени за давање мито за зделките со Алијансата, откриваат француските медиуми. НАТО привремено забрани јавни набавки и купување од Елбит.
Компанијата не е непозната во Македонија, а беше и дел од повеќе истражувања на КОД во минатото. Она што е поинтересно е што Елбит е главниот партнер на МВР во проектот Сејф сити кој почнува во 2011-тата година. Сејф сити од почетокот на декември е пуштен во пробна акција.
За она што се крие зад насловите за големата корупциска афера, повеќе од Миомир Серафиновиќ.
2.Остануваме на тема корупција. Годинава високите цени ја победија корупцијата односно перцепцијата на граѓаните што најмногу ги мачи.
За разлика од 2021-ва кога наголем број се изјасниле дека коруцијата е на прво место, 46.1 процент сега 46,6% се загрижени заради високите цени а 40,1 процент заради корупцијата. Ова го покажува истражувањето на Македонскиот центар за Меѓународна соработка каде пак е многу интересно дека на прашањето зошто настанува корупција одговориле дека причина е желбата за брзо богатење на оние на власт дури високи 77% , но веднаш потоа е неефикасниот судски систем. Ова се само дел од размислувањата на граѓаните во извештајот објавен од МЦМС во рамките на проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење капацитети за застапување врз основа на докази, политичко влијание и граѓански ангажман поддржан од Европската комисија.“
3.Драго Кос моментално е вршител на должноста декан на Меѓународната академија против корупција во Виена, претседател на Акциониот план за борба против корупцијата на OECD во Истанбул и член на Независниот советодавен комитет на AC во Молдавија. Тој е меѓународен експерт за борба против корупција кој ги знае приликите и во Македонија бидејќи работел и на извештаи како оној за Евростандард Банката.
Запрашан зошто на Македонија и се повторуваат негативните извештаи од страна на Европската Комисија кога станува збор за борбата против корупцијата, Кос смета дека нема доволно политичка воља за нејзино совладување. Но, дилемата беше и како е можно за трагедија како онаа во Кочани која поради корупција однесе 63 животи и 200 повредени не предизвика протести во размени како оние во Србија каде поради жртвите од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, студентските протести не запираат. Интервјутото со Драго Кос, го направи Снежана Лупевска Созен.
