Претседателот на СДСМ Венко Филипче најави дека денеска ќе биде познато новото раководство на партијата откако на негово барање на почетокот на декември оставка поднесе целото раководство, освен партискиот лидер.
Новото раководство треба да биде потврдено на денешната седница на Централниот одбор. Филипче изјави дека веќе е готов списокот со лицата кои ќе бидат дел од новото раководство и оти тоа ќе биде комбинација од искусни и млади луѓе. Најави дека позицијата генерален секретар ќе ја задржи Александар Саша Димитријевиќ и дека еден од потпретседателите ќе биде ортопедот кој беше кандидат за градоначалник на Аеродром, Александар Трајановски.
