Вести Економија Топ вести

Фолксваген за првпат во 88 години затвора своја фабрика во Германија

Германскиот производител на автомобили, Фолксваген утре (16 декември) ќе престане со производство во фабриката во Дрезден. Тоа е прв случај во 88-годишната историја на компанијата да затвора погон во Германија.

Директорот на Фолксваген, Томас Шефер изјави дека одлуката за затворање на фабриката не била лесна, но оти од економски аспект била неопходна, пренесува „Фајненшл тајмс“.

Фабриката во Дрезден беше отворена во 2002 година и оттогаш во неа се произведоа околу 200.000 возила, што е помалку од половина од годишниот обем на производство во главната фабрика на компанијата во Волфсбург.

Во погоните во Дрезден првично се произведуваше луксузниот модел „Фолксваген фаетон“, а по 2016 година фокусот беше пренасочен кон производство на електрични возила.

Одлуката за затворање на фабриката во Дрезден е донесена под притисок на финансиски тешкотии, бидејќи слабата побарувачка во Кина и во Европа и високите санкции на САД го отежнаа работењето на фабриката, се наведува во извештајот.

Фолксваген на крајот на третото тримесечје во 2025 година пријави нето загуба од милијарда евра, што е негов прв квартален минус во изминатите пет години, пренесува „Дојче веле“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе