Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД набрзо ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела за САД.
Трамп изминатите недели повеќе пати се закануваше дека ќе нареди напади со цел да ги пресретне пакетите со дрога што се транспортираат по копнен пат.
Американската армија напаѓа и бродови во Карипско Море, за кои се сомнева дека шверцуваат дрога во рамките.
Додека претседателот на Венецуела, Николас Мадуро тврди дека целта на американската кампањата против наркокартелите е смена на режимот во Каракас и одземање на венецуелските нафтени полиња.
-Бидејќи вчера тие извршија апсолутно криминално и нелегално дело. Кога извршија воен напад. Киднапирање. И грабеж, како пиратите од Карибите, на приватен цивилен комерцијален трговски брод, брод на мирот. Кој беше нападнат. Речиси стигна до Атлантикот. Не беше покрај брегот на Венецуела. Речиси беше таму. Многу подалеку северно од Тринидад и Тобаго кон островот Гренада, веќе стигна до Атлантикот, изјави Мадуро.
