Вести Македонија Топ вести

Изречени над 20 казни на „Пластичарска“ – контрола и на „Зимзоленд“ каде е утврдено дека немаат дозвола

Градот Скопје денес спроведе акција за воспоставување ред и заштита на јавниот простор на  територија на градот. Во соработка со Инспекторатот, Државниот пазарен инспекторат и МВР, биле изречени над 20 казни, а на терен се постапувало без исклучоци наведува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

„Како прв чекор, вработените од ЈП „Градски паркинг“ ги отстрануваа неправилно паркираните возила долж улицата „Пластичарска“, враќајќи го протокот и безбедноста на пешаците и возилата.По пријави од граѓани, инспекциските служби извршија контрола и на Зимзоленд, при што беше утврдено дека градот нема издадено дозвола за вршење дејност на локацијата. Констатирани се сериозни неправилности, особено во однос на вршење дејност надвор од објект, а за реквизитите и забавните содржини што не се дел од програмата на Општина Аеродром, наложено е општинскиот градежен инспектор да постапи согласно законските прописи“, стои во објавата на Ѓорѓиевски. 

Акциите ќе продолжат со цел да се обезбеди уреден, безбеден и достоинствен град за скопјани додава градоначалникот Ѓорѓиевски. 

Зимзоленд ќе се отстранува – Општина Аеродром поведе постапка и најде пропусти

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

КОД: Кој се кити со македонското злато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе