Вести Економија Топ вести

Работниците велат дека 500 евра минимална плата е малку, ова е егзистенцијална битка, истакна Трендафилов во Топ Тема

Има ли придвижување или уште подлабоко разидување околу минималецот. Во Топ Тема дебата со Ангел Димитров – Организација на работодавачи, Благоја Ралповски Конфедерација на слободни синдикати КСС и Слободан Трендафилов Сојуз на Синдикати на Македонија ССМ.

ССМ бара зголемување на минималецот на 500 евра. Слободан Трендафилов од ССМ на прашањето дали станува збор за економски аргумент или за политичка битка?, рече дека се додека не види политичар кој живее на минималец и едвај врзува крај со крај во месецот ова е егзистенцијална битка, битка за достоинствен живот на работниците, меѓутоа очигледно како да живееме во различна држава.

  • Минималната плата ја бараат работниците и тие веќе кажаа дека 500 евра е малку и дека согласно последната анкета која ја направивме, работниците очекуваат таа да изнесува 600-700 евра. Тоа барање доколку не се оствари по пат на социјален дијалог, доколку ова барање не го испочитуваме должни сме и да протестираме и да штрајкуваме. Аргументите се разбира дека се на страната на работниците, а ние во изминатиот период научивме дека за да не слушнат треба да зборуваме со нивниот јазик. Клучно е тоа што од 2022 година минималната плата се зголеми од 15.000 на 18.000 денари, бројот на компании кои се затвораат беше една ако се затвори две нови се отвораат. Бројот на вработени од 2022 до денес е исто така зголемен, што значи дека доколку некој работодавач не можел да го изврши притисокот работниците би се вработувале кај друг работодавач за далеку повисоки плати. Не видовме работодавач кој не може да ја исплаќа минималната плата да отиде кај друг работодавач да работи за минимална плата, како и функционерите. Податоците се земени и од УЈП и од Државниот завод за статистика, истакна Трендафилов.

Несистемското зголемување на платите е многу опасно затоа што настанува изедначување што е демотивирачко, рече Благоја Ралповски во Топ Тема

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе