Има ли придвижување или уште подлабоко разидување околу минималецот. Инфлација, поскапување на трошоците за живот. Кои се аргументите на работодавачите – продуктивност и рентабилност?
Во Топ Тема дебата со Ангел Димитров – Организација на работодавачи, Благоја Ралповски Конфедерација на слободни синдикати КСС и Слободан Трендафилов Сојуз на Синдикати на Македонија ССМ.
КСС е на став дека растот на минималната плата треба да ја следи формулата што е договорена со закон. На прашањето што е поопасно да имаме низок минималец или да имаме несистемско зголемување на платите, како што беше ете со пензиите?, Благоја Ралповски од Конфедерација на слободни синдикати КСС рече дека несистемското зголемување или целосното непочитување на законот за минималната плата е многу опасно затоа што доаѓа до збивање на платите и настанува таа урамниловка која ја имавме пред 3-4 години, што страшно ги демотивира и вработените, како во приватниот, така и во јавниот сектор.
- Дали треба да се покачи минималната плата? – Да. Еве зошто да биде 500 евра, ние размислуваме за 700 евра минимална плата, во оние сектори каде што има висококвалификувани работници и дејности, па секторски да го решиме тоа. Тука се работодавачите, тука се синдикатите, владата не ни е потребна, рече Ралповски.
На што Ангелов потврди дека Конвенцијата за минимална плата го дозволува тоа.
Ралповски потврди дека КСС веќе дало предлози како да им помогнеме на оние посиромашните работните и истакна дека треба да се разбие тој дипартитен социјален дијалог и да се рзговара со работодавачите.
