Емисии Код

КОД: Сејф сити- Големото око за сообраќајните прекршоци, како се криеле предметите во Биро за метрологија

КОД го продолжува истражувањето за состојбите во Бирото за Метрологија. Додека ревизорите ги чешлаат документите и фактурите- барем оние кои ќе ги најдат ние истражуваме што се е чувано во фиока за да застари, ненаплатено во државниот буџет а отидено во џебови на вработени како и во приватни фирми.

Но, се осврнуваме и на казните кои ќе ни бидат пропшишани од камерите на Сејф Сити. Уште во 2012 инсталирани, а неупотребени, камерите од овој систем чекаа со години за да се обезбеди соодветен софтвер, но и да се купат нови камери кои ќе не сликаат кога ќе направиме грешка. КОД во 2022-ра истражуваше кој и зошто дозволи системот да постaпи ама да не се употребува.

Кај нас се што е со хартија и дадено на рака може да се скрие забошоти уништи. Онаму каде нема електронски систем за следење на документите најлесно е да се манипулира и краде. Така е во Бирото за Метрологија каде повеќе од две децении нема дигитализација па целиот систем на контрола на броила ваги водомери струјомери е рачен и зависи од човечки фактор-повеќемина или еден зависи кој колкава моќ си земал во Бирото. И во овој КОД истражувавме каде завршувале пломбите за резервоари, фактирите за наплата за верификација односно баждарење но и дали некој ќе понесе одговорност за сето тоа.

Проектот Сејф сити стартуваше со проба. Најголемите прашања се поврзани повторно со баждарењето на радарите кои се склоп од камера, уред за мерење на брзина и софтвер кој определува прекршување на законот. Втората дилема е какви мерки треба да се преземат за да се заштитат правања на граѓаните и се заштитат лични податоци добиени преку системот кој доколку нема контрола може да стане Големо око за возачите и граѓаните.

Сите тајни на проектот Селф Сити под овој наслов во 2022-ра година одбележа една деценија од  промоцијата  на камерите на таканаречениот Безбеден град. Останаа само да ги видиме и сликаме а не тие нас да не сликаат. Не регистрираше сообраќајни прекршоци се до денеска. Поминаа 13 години. И СЈО отвараше истрага и Рашковски доби кривична пријава, но Сејф Сити беше само поим.

Многу прашања остануваат отворени во овој сега тест период. Одеднаш сите ги намалија брзините за да не се најдат нивните возила на фотографија, а тие да добијат СМС порака со казна. До први февруари МВР ќе го тестира системот, но потоа станува реалност. Во интервју со првиот човек на скопската полиција Сашо Топаловски поставивме неколку дилеми, на кој начин ќе ги одземаат дозволите ако се направи голем прекршок., дали има простор за жалба и што и со оние кои возат преспоро и го кочат сообраќајот.

Оваа емисија беше емитувана на 07.12.2025. на ТВ Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ тема: Дали сме подобро подготвени или повторно ќе броиме колку хектари шума изгоре?

Sasko Dimovski

Топ тема: Каде се губи граѓанинот и јавниот интерес во вртлогот на божем реформи во судството, администрацијата и државните органи?

Sasko Dimovski

КОД: Дива сеча на шума во Јасен кај езерото Козјак

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе