Новогодишната елка на Рокфелер центарот, еден од најпознатите симболи на празничната сезона во Њујорк, беше свечено осветлена доцна синоќа во Менхетен. Оваа година e украсена норвешка смрека висока 75 метри. Неа ја украсуваат повеќе од 50.000 ЛЕД светилки во различни бои. На врвот се наоѓа Сваровски ѕвезда, која традиционално го заокружува изгледот на стеблото.
Церемонијата беше пренесувана во живо во дел од медиумите, со познати музичари и музички изведби. Смреката претходно беше донесена од имот оддалечен на околу 150 милји северно од Менхетен и ќе остане изложена до средината на јануари, кога официјално завршува празничната сезона во градот.
