Вести Македонија Топ вести

Сопственикот на над 500-тини крави и неговите ќерки ќе одат во осумдневен притвор поради можност за повторување на делото

Сопственикот на над 500-тини крави и неговите ќерки ќе одат во осумдневен притвор дознава Телма.  Претходно обвинителството соопшти дека ОЈ Крива Паланка ќе поведе постапка против три лица за кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

Осомничените на втори декември, со сила и сериозна закана спречиле службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство со полициска асистенција да постапат по правосилно и извршно решение за спроведување мерки за одземање домашни животни – крупен добиток.

Јавниот обвинител ја зел в предвид опасноста од бегство, но и можноста за повторување на делото, па до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за сите осомничени.

Ѓорѓиевска претходно за Телма тврдеше дека никој од АХВ не ги контактирал пред одземањето, ниту им бил покажан документ по кој постапуваат. Таа побара од институциите итна, независна и транспарентна истрага за употребата на сила врз нив, за сурово постапување со животните, за можни прикриени докази и за заштита на нивните човекови права.

Т.Д.

Кравите „на слобода“, сопствениците во притвор

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе