Вести Македонија Топ вести

Кравите „на слобода“, сопствениците во притвор

Прво ги малтретирале жителите на околните села, а вчера ги спречуваа полицајците и службениците на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) да си ја вршат работата. Основното јавно обвинителство ги гони таткото и двете ќерки од Крива Паланка, откако при обид за одземање на нивните животни, пружија отпор на службениците.

„Осомничените, татко и двете негови ќерки како соизвршители, на 2 декември, со сила и сериозна закана спречиле службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство со полициска асистенција да постапат по правосилно и извршно решение за спроведување мерки за одземање домашни животни – крупен добиток. Јавниот обвинител, имајќи ја предвид опасноста од бегство, но и можноста за повторување на делото, до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за сите осомничени“, соопштија од ЈОРСМ.

Видео од апсењето објави една од ќерките. На снимката се гледа како инспекторите на терен се обидуваат да ги одземат кравите за кои жителите со месеци се жалат дека правеле штета на земјоделските посеви. Сопствениците на стадо од над 500 крави давале отпор, по што биле приведени.

Кравите останаа на слобода, а во полициска станица сега се таткото и две од ќерките. Третата ќерка Јулијана Ѓорѓиевска за Телма вели дека случајот не е административен спор, туку системска злоупотреба, насилство и прикривање на докази.

„Неправилностите што се случија вчера кога полициските службеници, без провокација, без отпор од наша страна, употребија прекумерна физичка сила врз моето семејство. На мојот татко му е скршена левата рака, на помалата сестра ѝ е повредена мислам дека левата нога, не сум сигурна, а јас претрпев повреда на кичмата со силни болки и ограничена подвижност“, изјави Јулијана Ѓорѓиевска, сопственичка на крави

Ѓорѓиевска тврди дека никој од АХВ не ги контактирал пред одземањето, ниту им бил покажан документ по кој постапуваат.

Од институциите бараат итна, независна и транспарентна истрага за употребата на сила врз нив, за сурово постапување со животните, за можни прикриени докази и за заштита на нивните човекови права.

Од семеен бизнис, до инциденти и притвори. Проблемот со кравите на семејството Ѓоргиевски од Крива Паланка постои со години, а жителите на околните села постојано се жалат дека добитокот им ги уништува нивите и зеленчукот и дека семејството не се грижи за нив.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе