Вести Македонија Топ вести

ЕСЧП отвори постапка за случајот „Тенк“ по жалбата на Јанкулоска

Европскиот суд за човекови права во Стразбур отвори постапка по жалбата на поранешната министерка Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“, во кој таа беше осудена за набавката на блиндираното возило „мерцедес“.

Судот ќе испитува дали во македонската постапка имало повреда на правото на фер судење, особено во делот на користење прислушуваните разговори.

Жалбата укажува на повеќе нерегуларности, меѓу кои неможност за оспорување на доказите, недостапност до целосната документација и спорни промени на судии во второстепената постапка.

Јанкулоска оцени дека отворањето на случајот е потврда за сериозни сомнежи во правичноста на процесот и порака до правосудните институции.

 

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека подолго време укажувале на судски случаи во кои има нарушување на човековите права и оти судиите кои го направиле тоа се истите оние на кои им се мали платите и кои се партиски опструирани и заробени од минатата влада.

  • Да, утрово го прочитав тоа. Забележав дека во соопштението јасно стои дека има забелешки на процесот, начинот на судењето и отвораат предмет да го разгледаат тој процес, да го преразгледаат, нарушување на човекови права итн. Ќе ве потсетам дека за вакви и слични случаи ние веќе подолго време зборуваме. Тоа се овие судии на коишто мала им е платата, сакаат двојно, тројно поголема. Партиски опструирани и заробени од страна на претходната влада. Малкумина се. Ќе повторам, конкретно овој случај видете кој го водеше, тоа е случајот „Тенк“, и видете сега каде се наоѓа тој судија денес, рече Мицкоски во одговор на прашање за став по однос на овој случај.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот на Буџетот за 2026 повеќе пари за капитални инвестиции и стабилни јавни финансии

Дејан Дејан

(видео)Жерновски: Во која европска земја после Бугарија, има најмногу бугарски државјани во својата влада?

Дејан Дејан

Инфлација под 3 проценти, анализа на цените – Кога ќе поевтини храната?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе