Валандовскиот крај ја дели истата судбина како и останатите делови од земјата кои го нoсат приматот на квалтиетно грозје и вино. Причините се дмеографски, исселувањето го зема данокот скеојдневно. Младите не сакаат да го работат овој бизнис, а аргати и воопшто да нема.
Валандово, регионот што дава квалитетно грозје и добро вино и ракија се соочува со голем проблем. Сѐ повеќе лозја стануваат угари-бидејќи сопствениците ги напуштаат. Причините се различни: некој се отселил, друг се разочарал, трет починал и немало кој да го продолжи трудот. Вака сведочи Марјан Белчовски од село Раброво, Валандово.
- „Проблем е што младите веќе не сакаат да работат. Ние сме веќе последни генерации, се напуштаат лозјата, ако умре стопанот се познава неговото лозје.“
Може ли да се вратат младите, Марајн не знае, но искрено и се сомнева. Иако годинава лично е задоволен од продажбата.
- „Не знам, не навлегувам, јас имам околу седум декари трпезни сорти годинава добро поминав немав врнежи, пролетта е многу битна ако нема врнежи ќе има добро грозје, а кога има многу се мачиме, големи трошоци, а кога ќе дојде време за берба, намеските работници земаат европски дневници. Цената сум задоволен годинава, не можам да се поплачам, пласман имаше, добро беше“, вели Белчовски.
Лозјето на Вангел Дорлојков, пак, не дало род каков што очекувал. Било на подалечна локација каде фатил град, па не скинал ниту еден грозд.
- „Оваа година не фати град. Имам една нива на страна, пет декари, не собрав ништо од неа. А од другата извадив околу 1200-1300 кг од декар. Цената 17 денари. Не задоволува ама што да правиш. Сапи се препаратите, режење, аргати плаќам“ – Вангел Доролојков.
Според Државниот инспекторат за земјоделство, годишно се произведуваат околу 100 милиони килограми грозје.
Од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сметаат дека е важно да продолжи обновата на системите за наводнување, така ќе се врател и сјајот на лозарството, затоа што водата е клучна за добар род.
Сузана Мицева
Б.С.
