Вести Македонија Топ вести

ТЦ „Скопјанка“ пропаѓа во фекалии

Смрдеа, влага и фекалии кои се разлеваат во подрумсктие прсотории. Сјајот на станебно дeловниoт комплекс Скопјанка пропаѓа од забот на времето. Соптвенциите на дуќани со прст вперен кон акционерското друштво кое стопанисува со дел од просторот, оттаму велат не сме надлежни за граѓаните кои фрлаат смет на секаде.

Без осветлување во ходниците, распаднати ѕидови од кои тече вода, мирис на фекалии. Ова е сликата во некогаш нагрeдeниот идеен станбено-деловен пrоект „Скопјанка„.

Се знае како се валка, но никако да се реши проблемот со хигиената и одржувањето во овој комплекс.

Некои од дуќаните работат и во лоши услови, со мирис на фекалии и ѕидови од кои прокиснува вода што им прави проблем и ја расипува робата. Се жалат дека миризбата ги брка муштериите, а прометот постојано оди во надолна линија.

Па поради овие проблеми дел од дуќаните сами повикале цистера да ги испумна фекалиите. Телма го затекна ова возило кое дојде да ја испумпа фекалијата.

Телма тргна по лоцирање на прoблeмoт и бaрање одговри. Од Акционерското друштво за стопанисување на станбен и деловен објект за Телма велат дека стопанисуваат исклучиво со дел од деловните простории, а не и со парцелите, парковите и јавните површини. Велат дека можат да обезбедат струја само во деловните објекти, но се иницијатори сите заедно да учествуваат и да го поделат трошокот.

Во однос на фекалиите директорот на АДСДП, Јуван Лукаров вели дека пумпата во овој трговски центар е направена исклучиво за подрумот, а таму закупци немало иако јамата постојано се полнела. Се сомневаат дека таа се полни од гаражите и колективните домувања. Уверуваат дека повеќе пати ги предупредувале станарите да не фрлаат отпад бидејќи се затнува јамата и истекуваат фркалиите, сепак тие не ги послушале.

Дуќанџиите посочуваат и дека подолго време трговскиот центар Скопјанка нема чуварска служба, која порано била достапна во секој миг од денот, а проблем имаат и со хидрантската мрежа односно  ниту еден од предвидените простори за хидранти нема црево.

Побараа од надлежните да им се реши проблемот за повеќе да не се соочуваат со вакви ситуации.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наследникот на балансерот пред пратениците – Почна дебатата за Закон за соодветна и правична застапеност

Дејан Дејан

ЕСЧП: Оправдано поништените помилувањата на Иванов- биле без валидна законска основа

Дејан Дејан

Реформската агенда во фокус: Власта уверува дека има напредок, опозицијата алармира за застој и изолација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе