Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 луѓе, а околу 200 беа повредени започнува денеска.
Првото рочиште е закажано во 9:30 часот во судницата на Казнено Поправната Установа Идризово, со засилени безбедносни мерки и присуство на лекарска екипа.
Случајот опфаќа 38 обвинети – 35 физички и три правни лица, а постапката ќе се води со темпо од две рочишта неделно. Процесот ќе го води судијката Диана Груевска Илиевска, а обвинителството ќе биде застапувано од проширен тим од 15 јавни обвинители, со цел да се обезбеди ефикасна и фер постапка.
Обвинителниот акт опфаќа тешки дела против општата сигурност, меѓу кои и сериозни пропусти во организацијата на обезбедувањето на објектот.
Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници. Судењето ќе го следат и роднини на жртвите кои бараат правда. Ден пред стартот на судењето политички партии највија анкетна комисија.
