Вести Македонија Топ вести

Владата најавува буџет по учинок, судството бара финансиска независност

Владата најавува воведување на буџет по учинок за судството, со образложение дека фиксниот законски процент од БДП не гарантира рационално трошење, туку дека ефикасноста треба да се мери преку индикатори на успешност. Иако Законот пропишува најмалку 0,8% од БДП за судската власт, државата традиционално одвојува само околу 0,3%, а според Судскиот совет, и годинава не е испочитувана законската процедура за усогласување на буџетот со Министерството за финансии. Судскиот совет тврди дека не дал согласност да добие два и пол пати помал буџет од законскиот минимум и дека финансиската автономија на судството е сериозно нарушена – оценка што ја повтори и Европската комисија во најновиот извештај. Организациите што го следат судството предупредуваат дека средствата едвај покриваат тековни трошоци и дека нема простор за капитални инвестиции, дигитализација или кадровско зајакнување. Меѓувреме, дел од судиите предлагаат воведување целосно независен буџет по моделот на Собранието.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Во ниту еден момент не сум побарал дозвола од Трамп да го нападнам Иран

Sasko Dimovski

„Обвинителството мора да реагира за Јанушев, Законот предвидува и до 5 години затвор“, велат од СДСМ

Дејан Дејан

„Филипче молчи и не го осуди дипломатскиот скандал на Бугарија со дипломатската нота со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе