Вести Македонија Топ вести

Следната недела ќе се распишат изборите за прегласување

На почетокот на следната недела, претседателот на Собранието ќе ги распише локалните избори во четирите општини во кои не беше исполнет потребниот цензус – на гласање да излезат една третина од избирачите, дознаваме неофицијално. Се работи за општините Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, каде ќе се повторува првиот круг од изборите. Во Собранието е пристигнат конечниот извештај на ДИК, што Гаши го чекаше за да може да донесе одлука за точниот датум.

  • „Конечниот извештај за локалните избори од ДИК е пристигнат во Собранието, според тоа, претседателот ќе ги распише изборите за четирите општини, како тие би се одржале во законски предвидениот рок“, извастија од кабинетот на претседателот на Собранието.

Во меѓувреме, се вршеа и консултации со членовите на ДИК околу тоа, кој резултат ќе се смета за конечен за да може да почнат да течат роковите. Појаснето е дека тоа се резултатите од вториот круг, а со оглед на тоа дека тие беа обајавени на 12 ноември, од тој датум почнува да тече и рокот од 60 дена за одржување на изборите.Крајниот датум по оваа пресметка е 11 јануари.

Против ова се бунат од Алијанса за Албанците, кои  сметаат дека законскиот рок за одржување на повторените избори почнува од 29 октомври, кога беа објавени конечните резултати од првиот круг. Бараат изборите да се одржат во декември, за да можат да гласаат и иселениците кои во текот на празниците ќе бидат во државата.

Далиборка Демјанска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Обвинителството мора да реагира за Јанушев, Законот предвидува и до 5 години затвор“, велат од СДСМ

Дејан Дејан

„Филипче молчи и не го осуди дипломатскиот скандал на Бугарија со дипломатската нота со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Се обидел да изнуди 35.000 евра од повозрасна жена со лажна приказна дека ќерка ѝ треба да се оперира во Италија – полициjата го уапси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе