Вести Македонија Топ вести

Скопје добива нови в.д. директори во четири јавни претпријатија

Четирите јавни претпријатија во Град Скопје ќе добијат нови вршители на должноста директор… Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека во „Улици и патишта“ за директор ќе биде назначен Борис Настов, кој ја извршувал оваа функција на почетокот од мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска. Во „Водовод и канализација“ директор ќе биде Иван Митровски, досегашен заменик-градоначалник на Кисела Вода. За директор на Јавното сообраќајно претпријатие ќе биде назначено лице кое долги години работи во ова претпријатие, а во „Комунална хигиена“ ќе биде поставен кандидат со повеќегодишно искуство во комуналниот сектор на Град Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди северниот дел на Јапонија

Sasko Dimovski

ЕУ го одобри трговскиот договор со САД за царините

Sasko Dimovski

Има 112 далекуводи, за 59 нема имотни листови, трафостаници во заедничка сопственост со ЕВН – ревизорски извештај за МЕПСО

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе