Русија изврши масивен напад на Киев рано утрово, предизвикувајќи сериозно пожари во повеќе делови на главниот град. Градоначалникот Виталик Кличко информира дека најмалку 11 лица се повредени, а петмина се хоспитализирани, вклучувајќи еден човек во критична состојба и бремена жена. Градските власти предупредија дека можни се прекини во снабдувањето со струја и вода. Воздушните напади предизвикаа пожари и материјална штета во повеќе киевски општини, вклучувајќи оштетување на станбени објекти, приватни куќи и јавни згради. Во неколку случаи, гореа и медицински и едукативни објекти, а пожари се забележани и на отворени простори. Спасувачките екипи се на терен и повикуваат жителите да останат во засолништа додека трае алармот за воздушен напад. Нападот следи во време кога Европската Унија повикува Украина да продолжи со борбата против корупцијата, но истовремено гарантира продолжување на помошта додека Киев се обидува да го задржи отпорот кон руската инвазија.
Русија утрово го нападна Киев
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
