Вести Свет

Орбан: Ќе ја тужиме ЕУ поради забраната за увоз на руски гас

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека неговата влада ќе ја тужи Европската Унија поради одлуката од минатиот месец за постепено суспендирање на увозот на руски гас, објавува британскиот весник „Гардијан“.

Не го прифаќаме ова очигледно нелегално решение кое е спротивно на европските вредности, кое Брисел го избра за да ја блокира владата на земја која не се согласува со него. Ова повеќе не се санкции, туку мерка на трговска политика. Ќе се обратиме до Европскиот суд на правдата, рече Орбан во интервју за државното радио.

Земјите од ЕУ се согласија минатиот месец постепено да го суспендираат преостанатиот увоз на гас од Русија до крајот на 2027 година, како одговор на руската инвазија на Украина.

Унгарија останува во голема мера зависна од рускиот увоз на енергија, и покрај одлуката на ЕУ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Во ниту еден момент не сум побарал дозвола од Трамп да го нападнам Иран

Sasko Dimovski

„Обвинителството мора да реагира за Јанушев, Законот предвидува и до 5 години затвор“, велат од СДСМ

Дејан Дејан

„Филипче молчи и не го осуди дипломатскиот скандал на Бугарија со дипломатската нота со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе