Вести Македонија

Продолжен е рокот за пријавување за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука објави дополнителен рок за пријавување зa субвенциониран студентски оброк за студентите кои го испуштиле првиот рок од 1 до 5 ноември. Новиот рок трае до 16 ноември 2025 година.

Кандидатите треба да се пријават електронски на платформата e-uslugi.mon.gov.mk и да ги пополнат обрасците „Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк“ и „Изјава за точност на внесените податоци“, кои потпишани се прикачуваат кон апликацијата.

МОН информира дека студентите кои го оствариле правото на оброк ќе ги примаат средствата во месецот што следува по завршувањето на месецот во кој се пријавиле.

T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди северниот дел на Јапонија

Sasko Dimovski

ЕУ го одобри трговскиот договор со САД за царините

Sasko Dimovski

Има 112 далекуводи, за 59 нема имотни листови, трафостаници во заедничка сопственост со ЕВН – ревизорски извештај за МЕПСО

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе