Вести Свет Топ вести

Кај Сињ се урна турски „Ер трактор“ – исчезнал од радарот околу 17 часот

Во местото Крив Пат, кај Сињ, паднал турски авион од типот „Ер трактор“. Според неофицијални сознанија, авионот исчезнал од радарот попладнево околу 17 часот на подрачјето на Лика и на лице место се испратени спасувачки екипи, пишува „Јутарњи лист“.

Порталот „24 сата“, пак, пренесува добро информиран извор според кого лоцирано е местото на падот на авионот и екипите се пробиваат до него. „Јутарњи лист“ пренесува дека спасувачките екипи околу 18 часот успеале да се пробијат до локацијата на која затекнале авион во пламен.

Засега достапните информации говорат дека станува збор за турски авион АТ 802 кој летал на релација Загреб – Риека. Неофицијално, во авионот бил само пилотот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди северниот дел на Јапонија

Sasko Dimovski

ЕУ го одобри трговскиот договор со САД за царините

Sasko Dimovski

Има 112 далекуводи, за 59 нема имотни листови, трафостаници во заедничка сопственост со ЕВН – ревизорски извештај за МЕПСО

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе