Вести Свет

ЕУ обезбедува 6 милијарди евра поддршка за Украина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека ЕУ ќе исплати речиси шест милијарди евра на Украина од програмата за Економски и финансиски реформи и од Украинскиот механизам, за поддршка на одбраната и економијата на земјата.

Таа нагласи дека Русија не може да ја надвладее Украина и дека Европа ќе продолжи да ги зголемува трошоците за војната со Русија.

Фон дер Лајен додаде дека за следните две години финансиските потреби на Украина можат да се покријат и со користење на замрзнатите руски средства, при што третата опција, „заем за репарација“, ја оцени како најефикасна.

Таа повика на нов импулс и единство на европските земји за натамошна поддршка на Украина и притисок врз Русија.

T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди северниот дел на Јапонија

Sasko Dimovski

ЕУ го одобри трговскиот договор со САД за царините

Sasko Dimovski

Има 112 далекуводи, за 59 нема имотни листови, трафостаници во заедничка сопственост со ЕВН – ревизорски извештај за МЕПСО

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе