Синиша Наумоски од „Хајделберг факултет Скопје“ на прашањето, дали економијата може да биде дигитална ако администрацијата не е, во вечерашната Топ Тема истакна дека не може и дека мора да одат паралелно.
- Администрација, тоа се членски на системот, односно една економија ја сочинуваме сите и граѓаните и компаниите. Ако тоа не оди паралелно нема успех, вели Синиша Наумоски – „Хајделберг факултет Скопје“.
Вистинското прашање, според него, е како би можеле да имаме добра дигитална економија која што ќе биде модерна, добра, отпорна и т.н. само со паралелни инвестирања или унапредувања.
- Јас неколку дена анализирав меѓународни економисти од повеќе стручни и официјални тела во светот и сите имаат општ консензус – дигиталната трансформација бара паралелно инвестирање во четири области: прво, мора да има јавна платформа; второ, регулаторни промени; трето, образование на работната сила и четврто, сајбер безбедност, рече Наумоски.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
