Вести Економија Топ вести

Потпишување договор за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на пругата со Бугарија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов денеска го потпишуваат договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8. Церемонијата се одржува на железничката станица Ѓуешево, а на неа најавено е присуство и претставници на ЕУ, НАТО, САД, Светска банка и Европската банка за обнова и развој. Изградбата на тунелот ќе претставува клучна меѓугранична точка за Македонија и Бугарија, со проектирана должина од 2,4 километри, од кои 1,2 километри се на македонска територија. Министерството за транспорт истакнува дека проектот има економско значење за регионот, но и безбедносно значење во рамки на НАТО.  Во моментов, делницата од Бељаковце до Крива Паланка е во фаза на изградба, додека подготовките за третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, која ќе ја опфати и тунелот, се во тек. По завршувањето на сите делници, Коридорот 8 ќе овозможи побрз и побезбеден железнички транспорт меѓу двете земји.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Србија го екстрадира Саит Саитов кој во јануари усмрти жена во скопски Капиштец и избега од местото на настанот и од државата

Sasko Dimovski

Ти благодарам што истресе се од тебе – Тошковски кон Апасиев кој му ги посочи валканите партиски полицајци на расправата за неуспешната интерпелација

Sasko Dimovski

Еден активен, еден под контрола, седум изгаснати – денеска се регистрирани девет пожари

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе