Речиси 2 милијарди евра ќе чинат пензиите идната година. Дел од оваа сума или околу 700 милиони евра ќе се покрие од буџетот за да може ПИОМ наредната година да ги исплати примањата на највозрасните. Ова го покажуваат бројките во новиот документ за државната каса. Може да се види дека во 2026 година за пензии ќе има речиси 10 отсто повеќе пари.
Ова е уште еден доказ дека состојбата со пензискиот фонд не е најдобра и продолжува да се зголемува дотурот на пари од државната каса.
Догодина за плати и надоместоци ќе бидат потрошени 855 милиони евра или 7 отсто повеќе. Во образложението стои дека средствата за оваа ставка се зголемуваат заради нови вработувања, преземање на работници од други институции и заради новите колективни договори.
Минимално се намалуваат парите за стоки и услуги. Во 2026 проекциите се повеќе пари да има и за договорни услуги – ќе чинат 900 милиони евра, за мебел, возила. Но, освен службени, ќе се купувале амбулантни коли и автобуси.
За 15, 7 отсто се намалуваат средствата за социјални надоместоци.
Со новиот буџет некој ќе добие повеќе, кај некој се крати. Па, така дел од оние кои ќе располагаат со повеќе пари се.
Меѓу оние со скратени каси се:

Догодина ќе треба да се вратат над 1,2 милијарди евра, 700 милиони евра е еврообврзница која доспева. Дома и во странство планот е да се задолжиме за речиси две милијарди евра.

Со новите проекции за државата каса планот е во 2026-тата да се соберат 6 милијарди евра, а да се потрошат 6,7 милијарди евра. Минусот во буџетот е проектиран да биде 638 милиони евра, приближно колку што се планира за капитални проекти. Тука се изградба на сали, училишта, веќе познатата делница Бељаковце – Крива Паланка од железничкиот коридор кон Бугарија, а планот е да заврши и изградбата на автопатот Кичево – Охрид.
Растот се очекува да биде 3,8 отсто, инфлацијата 2,5 проценти. Јавниот долг, пак, според фискалната стратегија ќе надмине 62 отсто од БДП.
Дел од економистите веќе оценија дека и овој буџет како претходните е социјален.
Ирена Чачкова
