Во најголемиот дел од земјата ќе преовладува променливо облачно, во претпладневните часови во делови од земјата со повремени локалени врнежи од дожд. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 4 до 10°C, а максималната ќе биде во интервал од 10 до 17°C.
Во Скопје, променливо облачно претпладне во делови од котлината со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Информација од ова утро 3.11.2025
Минимална температура (во °C)
2 Берово, 4 Струмица, Битола, 5 Скопје–Петровец, Крива Паланка, Велес, Штип, 6 Тетово, Гевгелија, Прилеп, Демир Капија, Попова Шапка, 7 Скопје–Зајчев Рид, Куманово, Лазарополе, Кавадарци, Претор, 8 Крушево, 9 Охрид, 10 Маврови Анови, Виница.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
