Вести Временска прогноза

Претпладне по одделни котлини со услови за магла, преку ден сончево со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 2.11.2025

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината со слаба маглa. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 6°C, а максимумот од 17 до 23°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-2 Берово, 2 Струмица, Тетово, 3 Маврови Анови, Лазарополе, Битола, 4 Скопје–Зајчев Рид, Велес, Крива Паланка, Штип, Прилеп, Куманово, Демир Капија, Кавадарци, 5 Гевгелија, 6 Попова Шапка, Виница, 7 Охрид, Претор, Крушево.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 13.0, Преспанско Езеро 13.5, Дојранско Езеро 14.0.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: САД денес повторно ќе извршат силни напади врз Иран

Дејан Дејан

Кочоска: Се прави дефокус наместо да се радуваме што државата обезбедува пониски каматни стапки од други земји

Дејан Дејан

Избрани над 30 нови претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе